More

    Русија изврши жесток ракетен напад во текот на ноќта

    spot_img

    Русија во текот на ноќта и рано утринава изврши жесток ракетен напад на Киев и на Харков. Во нападот погодени се повеќе цивилни објекти, станбени згради и градинки. Најмалку пет лица го загубија животот, а десетици се повредени.

    – Рано утринава Русија изврши ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, при што беа повредени 8 лица и оштетени станбени згради и индустриски објекти – изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

    За рускиот напад на украинската престолнина се огласи и претседателот Володимир Зеленски.

     

    „Нов руски ракетен напад врз Киев. Соборени се над 30 проектили, вклучително и балистичка ракета лансирана од воздух. Повредени се лица и на сите им е укажана потребната помош.

    Ваквиот терор продолжува секој ден и ноќ. Можно е да се стави крај само преку глобално единство. Кога ни помагаат со системит за противвоздушна одбрана. Руските терористи немаат ракети способни да ги заобиколат Патриот и другите водечки светски системи. Оваа заштита сега е потребна во Украина. Од Киев до Харков, Суми до Керсон и Одеса до регионот Доњецк. Тоа е сосема можно доколку нашите партнери покажат доволно политичка волја“ – напиша Зеленски.

    Украинскиот претседател уште еднаш упати апел за поддршка од сојузниците.

    „Мора да докажеме дека теророт е секогаш губитник. Мора да и докажеме на Русија дека ќе биде принудена да прифати нормален слободен живот во Украина. Потребна ни е поддршката од нашите партнери. И јас сум благодарен на сите во светот кои навистина помагаат“ – истакнува Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img