More

    Тројца вработени под истрага, „копале“ по досието на Кејт Мидлтон

    spot_img

    Како што пренесува „Дејли мејл“, тројца вработени се под истрага од раководството на приватната клиника во Лондон каде што беше оперирана Кејт Мидлтон. Тие се осомничени дека се обиделе да дојдат до медицинските досиеја на принцезата. Раководството одби да одговори на прашања за статусот на персоналот и какви мерки презело против нив. Исто така, не е јасно дали се суспендирани, ниту кога клиниката дознала за нивниот прекршок.

    Британските медиуми јавуваат дека принцезата од Велс најверојатно била информирана за потенцијалното прекршување на податоците. Кралот Чарлс Трети се лекува од рак во таа болница, но неговите здравствени податоци, како што се вели, не се повредени.

    Извршниот директор на клиниката во Лондон, Ал Расел, претходно тврдеше дека вработените во установата работат етички и дека се горди на дискрецијата што ја имаат со пациентите. Тој додаде дека болницата има „системи за следење на управувањето со информациите за пациентите“.

    – Во случај на каква било повреда, ќе бидат преземени сите соодветни истражни, регулаторни и дисциплински чекори. Во нашата болница нема место за оние кои намерно ја нарушуваат довербата на кој било наш пациент или колега – порачал директорот, пишува Си-би-ес.

    Во врска со потенцијалното истекување на деликатни информации за состојбата на Кејт Мидлтон од болницата, се огласи и министерката Марија Кауфилед, која изјави за „Скај њуз“ дека во прашање е „сериозна работа, доколку ги разгледувале досиејата за кои немаат дозвола“. Таа додаде и дека поради сè контактирале и со полицијата која треба да истражи дали персоналот навистина се обидел да пристапи до медицинскиот картон на Кејт Мидлтон, пренесува „Гардијан“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img