Насилната смрт на 74-годишен затвореник во затворот Падинска скела во Србија, ја потресе јавноста. Српските медиуми пренесуваат дека затвореникот бил тепан, силуван и малтретиран од другите затвореници.
Според неофицијални информации, постои сомневање дека смртта е последица на силување со рачка од метла, при што биле повредени внатрешни органи, пренесува Мондо.
Извештајот од обдукцијата потврдува дека затвореникот починал со насилна смрт, по неколкудневно малтретирање и тепање. Во истагата за случајот е откриено дека жртвата во неколку наврати трпела страшно насилство. Починатиот затвореник често бил покриен со модринки. Меѓутоа, веројатно од страв од одмазда, малтретираниот не смеел да го пријави насилството и на лекарите при прегледот им рекол дека паднал сам.
Починатиот бил во затвор поради издржување казна од 30 дена за прекршување на Законот за јавен ред и мир, а за полесни прекршоци одлежувале казна и тројцата насилници на возраст од 20 и 22 години, кои сега се притворени за убиство.
На осомничените, кои на 14 март биле сослушани во ВЈТ во Белград, судот на барање на обвинителството им одредил притвор. По трагичниот настан сменет е управникот на затворот во Падинска скела.