More

    Нов опасен тренд на Тикток, предупредуваат психолозите

    spot_img

    Психолозите предупредуваат за нов тренд на генерацијата Z, кој се шири преку социјалната мрежа Тикток, а вклучува таканаречена грижа за себе и се вика „гниење во кревет“ (bed rotting).

    Трендот, наречен „гниење во кревет“, вклучува долго останување во кревет, но не за спиење, туку за пасивни активности како јадење грицки, гледање телевизија, играње игри и слични активности.

    Пожелно е да се грижите за себе и да се одморите по напорниот ден за да управувате со стресот и да ја зголемите енергијата. Меѓутоа, од друга страна, премногу сон и недостиг на физичка активност може да доведат до здравствени проблеми.

    Сепак, ова не ја загрижува генерацијата Z која го „прегрна“ овој сè попопуларен тренд со видеа кои имаат милиони прегледи на Тикток.

    Затоа експертите решија да ги покажат предностите и недостатоците на овој тренд.

    Психологот од Универзитетот Колумбија, Кортни Де Анџелис, изјави дека „гниењето во кревет“ во мали дози може да го смири телото и може да помогне во олеснување на стресот и исцрпеноста, особено за луѓето кои работат долги часови на места кои бараат ментално или физичко исцрпување.

    Клиничкиот експерт за семејна медицина од Државниот универзитет во Охајо, Никол Холингшед, истакна дека лежењето во кревет е начин за опуштање и може да им помогне на луѓето да се чувствуваат подобро без да се чувствуваат виновнo.

    Сепак, според доцентот на Универзитетот Колумбија, Раџан Султан, важно е времетраењето на таквите активности. Имено, овој тренд може да стане загрижувачки доколку трае подолго од ден-два.

    Исто така, психолозите истакнуваат дека освен времето поминато во кревет, важно е и она што го правите додека лежите. Овој тренд може да биде особено штетен доколку слободното време го поминувате користејќи мобилен телефон или гледајќи телевизија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img