Јужнокорејски танкер утрово се преврте во морето кај Јапонија, соопшти тамошната крајбрежна стража, а трага по тројца исчезнати членови на екипажот. Бродот, кој почна да се навалува поради бурите кај јапонскиот остров Хоншу, упати повик за помош.
Крајбрежната стража соопшти дека спасила осум лица и дека потрагата по исчезнатите е во тек.
Телевизијата NHK објави дека во екипажот има државјани на Кина, Јужна Кореја и Индонезија.