Штетата и загубите за Украина како резултат на руската агресија во двата месеци од војната веќе изнесуваат околу еден трилион долари, изјави економскиот советник на украинскиот претседател Олег Устенко.
Оваа бројка ја вклучува не само уништената инфраструктура, домови и деловни објекти, туку и загубите што произлегуваат од негативните финансиски и економски процеси за украинскиот бизнис.
– Околу цифрата од еден трилион долари Украина треба да ги насочи своите напори за добивање компензација од Руската Федерација веднаш по завршувањето на војната – рече Устенко.