Утринските температури остануваат под нулата и во втората половина на март. Најстудено е во Маврово и во Берово каде минималната температура падна на -5 и -4 степени Целзиусови.
Но затоа по студеното утро доаѓа топол сончев ден со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Максималната температура во текот на денот ќе се движи од 8 до 18 степени во јужните делови од земјата.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде на 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.