More

    Владата може да ги побара од САД сите докази за лицата од „црната листа“, вели Милошоски

    spot_img

    Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели кои се дел од „црната листа“ на официјален Вашингтон – вели Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во објава на својот профил на Фејсбук.

    За потсетување, Македонија веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, едногласно усвоен од Собранието на седницата одржана на 2 април 2021 година, потпишан од претседателот Стево Пендаровски и објавен во Службен Весник.

    Во овој закон предвидена е можноста домашен надлежен орган, Министерството за правда или Јавното обвинителство да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава (чл.16).

    Со замолницата, која се доставува преку Министерството за правда, од странската надлежна институција се бара да достави списи, информации и материјални докази за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице.

    Овој закон (чл.35) овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија.

    Во чл.39 од Законот за меѓународна кривична соработка дури е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции.

    Да сумираме, владата, министерот за правда и ЈО, доколу имаат политичка волја за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основи, без одолговлекување преку Министерството за правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на „црната листа“.

    Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи и да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија.

    Овој Закон добро е да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, за што претставниците на стручната фела ценат дека е потребна квалитетна јавна расправа. Сметам дека Собранието треба да биде организатор и домаќин на една таква јавна расправа на која главниот збор ќе го имаат претставниците на судската фела, претставници на обвинителството, адвокати и професори по кривично право. На ваквата јавна расправа многу ќе користи и присуството на експерти за рестрикции и санкции од САД и од ЕУ, за да имаме одржливо унапредување на позитивните норми во оваа регулирана област за меѓународна соработка во кривичната материја – вели Милошоски во својата објава на Фејсбук.

    Реагирајќи на објавата на Милошоски, СДСМ го повика него и неговата партија да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.

    Предлог Законот до Собранието е доставен на 6 ти февруари, пред месец и половина. Значи месец и половина Антонијо Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешни работи. Бараме Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки. А Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.

    Ако ВМРО-ДПМНЕ е „за“ борба против корупцијата, ќе го поддржи законот. Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат.

    Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки. Со овој закон се создава можност сите вакви случаи, наведени од нашите стратешки партнери, да може да се процесираат преку домашното законодавство. Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања“ – се вели во соопштението на СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img