„Враќањето во татковината се покажа како тешко и потрагично, но успеавме и тоа е голем настан во историјата на нашата земја“.
Вака изјави рускиот претседател Владимир Путин на Црвениот плоштад во Москва пред да ја испее химната на Русија заедно со своите тројца противкандидати кои ги победи на претседателските избори. Путин пееше на 10-годишнината од руското присвојување на Крим од Украина.
Путин си обезбеди нов шестгодишен мандат на изборите и постигна рекорд во сопствените победи споредено со претходните избори.
Во септември 2022 година Русија присвои уште четири региони – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.