До 13 лица, според прелиминарните податоци, се затрупани под урнатините откако карпа се сруши во рудникот на злато во областа Зеј, јавија руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.
Спасувачките служби претходно известија дека е изгубен контактот со 13 работници во рудникот „Пионер“.
Властите прогласија вонредна состојба за да се мобилизираат сите сили.
Оперативните служби изјавија дека, според прелиминарните информации, луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри. Засега нема информации за можни жртви.