Сè повеќе реакции за победата на Путин на руските избори

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russian President Vladimir Putin speaks during his annual press conference in Moscow, Russia December 14, 2023. Alexander Zemlianichenko/Pool via REUTERS
- Advertisement -
Ad image

Пријателите и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин побрзаа да му ја честитаат изборната победа, но западните лидери ги осудија, како што рекоа, нелегалните избори, пренесуваат денеска светските агенции. Според излезните анкети, Путин го освои петтиот претседателски мандат со рекордни 87% од гласовите.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека изборите не биле слободни и фер и се базирани на репресија и заплашување. Борел додаде дека 27-те земји од ЕУ ќе усвојат заедничка изјава за изборите подоцна во понеделник.

Реизборот на Путин се случи во контекст на репресија врз граѓанското општество и не беа испочитувани условите за слободни и демократски избори, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи. Министерството ја пофали и храброста на „многу руски граѓани кои мирно протестираа против овој напад врз нивните основни политички права“.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека „изборите не биле ниту слободни ниту фер“.

– Продолжуваме да работиме за праведен мир што ќе ја наведе Русија да стави крај на својата агресивна војна против Украина во согласност со меѓународното право – истакна Тајани.

Портпаролот на Белата куќа рече дека изборите во Русија „очигледно не биле слободни или фер со тоа што Путин ги затвора политичките противници и ги спречува другите да се кандидираат против него“.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон објави на X дека „слободните и фер избори не изгледаат вака“.

Шефот на германската дипломатија Аналена Баербок истакна дека изборите во Русија не се вистински избори.

– Руските избори беа избори без избори – рече Баербок на почетокот на состанокот на европските министри за надворешни работи.

- Advertisement -
Ad image

Изборната победа на Путин нема легитимитет бидејќи народот немаше слобода на избор, изјави во понеделникот литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

– Во оваа атмосфера на неслобода, дефинитивно не може да има избор – рече Ландсбергис пред состанокот со колегите министри од ЕУ во Брисел.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Путин „диктатор“ кој е „опиен од власта“.

- Advertisement -
Ad image

-Нема зло што тој нема да го направи за да ја прошири својата лична моќ – рече Зеленски.

Во меѓувреме, полското Министерство за надворешни работи објави дека е „невозможно да се гласа слободно и демократски“ на руските избори. Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски ги нарече изборите „фарса и пародија“.

Но има и лидери што му честитаа на Путин.

Кинескиот претседател Си Џинпинг испрати порака во која му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор за претседател на Русија, објавија во понеделникот кинеските државни медиуми.

-Цврсто веруваме дека под стратешко водство на претседателот Кси Џинпинг и претседателот Путин, односите меѓу Кина и Русија ќе продолжат да напредуваат. Кина и Русија се едни со други најголеми соседи и сеопфатни стратешки партнери во новата ера – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Честитки за победата на Путин во Кремљ стигнале и од Северна Кореја, од Иран и од Венецуела.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким Јонг Ун му испратил порака на Путин во која му ја честитал победата. Иранскиот претседател Ебрахим Раиси му честитал на својот руски колега за неговата „решавачка“ победа на претседателските избори, јавуваат државните медиуми.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил најоргинален во честитката.

„Нашиот постар брат триумфираше, што е добар знак за светот“ – напишал Мадуро.

Share This Article