Жител на селото Градешница во општина Могила пријавил во полиција дека пронашол 3 стари гранати.
На 16 март во 14.05 часот, Љ. Ѓ. од село Градешница, во општина Могила, пријавил во СВР Битола дека во селото пронашол 3 стари гранати, соопшти МВР.
„На 17 март 2024 година, пиротехничар, од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, безбедно ги подигнал експлозивните средства и констатирал дека станува збор за 1 артилериска граната од калибар 155 милиметри, 1 авионска бомба од 10 либри и 1 артилериска граната од калибар 75 милиметери, сите со потекло од Првата светска војна“, соопшти МВР.