Не може да исклучи целосен конфликт со НАТО, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата во Москва по повод неговата победа на претседателските избори за кои нашироко се верува дека е наместена.
– Во случај на сериозен конфликт со НАТО, светот би бил на само еден чекор од Третата светска војна. Мислам дека е малку веројатно некој да го сака тоа – изјавил Путин доцна вчера, цитиран од руската државна агенција ТАСС.
Според Путин, во Украина веќе се распоредени бројни војници од земјите членки на НАТО.
– Тоа веќе го знаеме – истакнува Путин додавајќи дека на бојното поле веќе се слушаат француски и англиски.
– Тоа не е ништо добро, особено за нив, бидејќи таму умираат во голем број – рече Путин без да даде докази за своето тврдење.
Украина повеќе од две години се брани од Русија со помош на Западот.
Руската изборна комисија објави дека Путин постигнал рекорден резултат и добил нешто помалку од 88% од гласовите, по речиси една четвртина од преброените ливчиња. На претходните претседателски избори во 2018 година тој победи со 76,7% од гласовите.
На ниеден вистински кандидат од опозицијата не му беше дозволено да учествува на претседателски избори во Русија кои траеја три дена.