More

    Макрон повтори дека копнени операции во Украина би можеле да се случат

    spot_img

    „Не треба да се плашиме, не се соочуваме со голема сила, Русија е средна сила со нуклеарно оружје, но нејзиниот БДП е помал од БДП на Европејците, помал од германскиот, помал од францускиот“.

    Вака изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Ле Паризиен“. Тој ги потврди неговите претходни изјави дека во одреден момент ќе се наложи Франција да учествува со копнени сили во Украина.

    – Не го сакам тоа и нема да покренам таква иницијатива, но можеби во одреден момент ќе бидат потребни операции на теренот, какви и да се тие, за да се спротивставиме на руските сили. Силата на Франција е во тоа дека ние го можеме тоа – изјави тој.

    Истовремено, Макрон денеска изјави дека е подготвен да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за тоа како да се дојде до деескалација на украинската криза.

    – Ќе одговорам ако се јави Путин. Затоа што чувствувам дека тоа е моја должност. И ќе слушам што ми предлага. Од една страна, мора да и дадеме сè на Украина, таа треба да ги подобри одбранбените капацитети, но од друга страна мора да работиме на деескалација. Мора да постигнеме траен, праведен мир. Ако случајно Путин понуди нешто, ќе ги слушам неговите предлози – рече Макрон.

    Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да соработува со Париз доколку Франција покаже интерес. Макрон рече дека Париз и неговите сојузници ќе продолжат да ја поддржуваат Украина сè додека е потребно.

    Еден ден претходно, францускиот претседател се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот премиер Доналд Туск во Берлин.

    Повторените изјави на Макрон дека не сака да ја исклучи можноста за испраќање копнени сили во Украина предизвикаа загриженост кај француските сојузници, пред сè Германија, и речиси едногласно противење на француската опозиција.

    Во интервју за Le Parisien, Макрон тврди дека нема несогласување со Берлин во овој поглед.

    – Нема стратешки разлики. Никогаш немаше никакво недоразбирање меѓу канцеларот и мене. Имаме многу блиски ставови за целите и ситуацијата. Се разликува начинот на кој ги изразуваме – додаде тој.

    – Германија има стратешка култура на голема претпазливост, неинтервенција и се држи настрана од нуклеарно оружје“, објасни тој. „Тоа е модел кој многу се разликува од моделот на Франција, која има нуклеарно оружје и ја зачува и зајакна професионалната армија – рече тој.

    Макрон рече дека ќе го посети Киев во наредните недели. Тој исто така нагласи дека помошта на Франција и Германија за Украина може да биде комплементарна.

    – Германија троши повеќе од Франција, има повеќе буџетски простор, тоа е можност. А Франција, од друга страна, може да прави работи што Германија не може – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img