More

    ЕКСКЛУЗИВНО:Милионски криинали во ЈП „Колекторски систем“ на РСМ,зошто Димитар Ковачевски одобрил плата на директор во висина од 3.500 евра,а колкеторот се распаѓа?

    spot_img

    Вчера поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во Охрид ќе изјви :

    -„Некој ќе рече ниту 650 евра не се доволно. И јас се согласувам со тоа. Да, така е“!?

    За директорите од СДСМ на Димитар Ковачевски сигурно не е доволна просечна плата од 650 евра , кога некој од неговите кадри земаат и фантастични месечни плати од над 3000 евра и секако дека тоа е доволно да му аплаудираат на Ковачевски?!

    ШТО САКА ДА СОКРИЕ ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ“ НА РСМ ВЛАДИМИР АЛЕКСИЈОВСКИ ВО ВРСКА СО НЕГОВИТЕ ПРИМАЊА И ЛУДУВАЊА НИЗ ЕВРОПА?

    Јавното претпријатие „Колекторски систем“на РСМ задолжено за одржување и нормално функционирање на отпадните води во општините Охрид и Струга,како и на други градови во Македонија,функционира по принцип на  приватна сосптвеност на Владимир Алексијовски -трговец поединец.

    Додека целата колексторска мрежа на поедини кракови на колекторскиот систем во Охрид и Струга се распаѓа ,а фекалиите течат во Охридското Езеро,според сознанијата до кој дојде редакцијата Охридскај,директорот на ова јавно претпријатие земал личен доход,нето примање од фантастични 189.000,оо денари или нешто малку повеќе од 3000 евра.

    Исто така според сознанијата до кој дојде редакцијата Охридскај,директорот на ЈП Колекторски Систем на РСМ на име на патни дневни трошоци за патување во земјите на ЕУ во 2023 година земал над 40.000 евра или фантастични 2.400.000,оо денари?!

    Исто така според сознанијата на Охридскај ,ЈП Колекторски систем на име на деловни ручеци-кафанско – ресторански- хотелски услуги, по разни хотелско-угостителски објекто, во 2023 година испалтило фантастични 100.000 евра или нешто повеќе од 6.000.000,оо денари?

    Реадкцијата Охридскај ,со цел да ја дознае вистинската слика за работењето на директорот Владимир Алексијовски и ЈП Колекторски Систем на РСМ, на ден 12-02-2023 година ,а во согласност со чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Македонија, бр.13/2006), кој почна да се применува на 1 септември 2006 година, до ЈП Колкторски систем испарти барање за информации,со кој граѓаните ќе може да добијат објективна слика за работењето на ЈП Колекторски систем на РСМ и домаќинското работење на функционерот на СДСМ и директор Владимир Алексијовски.

    На поставените прашања во законски предвидениот рок од 30 дена од страна на ЈП Колекторски систем и директорот Алексијоски , не добивме одговор.Редакцијата Охридскај во изминатите 30 дена во 3 наврати го контактираше директорот Владимир Алексијоски, со барање да даде одговор.Неговиот одговор беше : „Ке ви дадеме другар,зафатени се со завршни сметки“!!! Ги штелуваат вероватно.

    Кој прашања поставивме до ЈП Колекторски Систем и директорот Владимир Алексијовски:

    Врз основа на чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Македонија, бр.13/2006), кој почна да се применува на 1 септември 2006 година, имателот на информации ,вие ЈП Колекторски Систем ,Ве молиме да дадете одговор на следните прашања:
    1.Колку изнесува Нето плата на директорот заклучно со месец декември 2023 година?
    2.Колку средства заклучно со месец декември 2023 година се исплатени на директорот на име на патни трошоци,како и за кој патувања станува збор?
    3.Колку средтсва се потрошени за ресторански, хотелски сместувања (во кој објекти),авио билети доколку има,заклучно со месец декември 2023 година ?

    Информациите согласно член 8 од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ни бидат испратени во законски рок од 8 дена преку електронска пошта kotvaoh@yahoo.com.
    Охрид 12-02-2023 година
    Барател
    СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид
    Новинска агенција OHRIDSKY.COM
    Сашо Денесовски -Главен и одговорен уредник

    Јавно го повикуваме поранешниот премиер и актуелен претседател на СДСМ Диитар Ковачевски, јавно да се произнесе како е возможно да се однесуваат на овој начин директори назначени од него, а и како е возможно на ваков начин да се трошат пари на граѓаните на Македонија?

    Воедно ја повикуваме и финасиската полиција да постапи применувајќи го институтот ДОПРЕН ГЛАС, и да го провери севкупното работење на ЈП Колекторски систем на РСМ идиректорот Алексијовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img