Денеска времето ќе биде променливо облачно, а попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје се очекува променливо облачно и претежно тивко време.
Се прогнозира дека во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање, а во вторник повторно времето ќе биде променливо облачно со локален дожд. Температурите до вторник ќе бидат без поголеми промени, а во среда ќе дува северен ветер и ќе има благ пад на дневната температура.