Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва од Романија на гостински терен во Браила со 27-32 (16-15), во првиот од двата контролни натпревари против истиот противник во рамки на ЕХФ неделата.
Македонската репрезентација, која допатува во Браила без неколкумина стандардни репрезентативци, имаше водство на полувреме, но домаќините со резултатски пресврт во вториот дел на крајот забележаа победа од пет голови разлика.
Вториот натпревар, исто така во Браила е закажан за утре.
Македонските ракометари со пресметките против романската селекција воедно ги стартуваат завршните подготовки за мајскиот бараж против Фарските острови за пласман на Мундијалот 2025.
фото: МИА