Ако сте почетник во кујна, нормално е да згрешите. Прифатете ги грешките како најдобар начин за учење. Главен совет е да не брзате затоа што токму во такви ситуации се случува јадењето да ви загори, да ви се превари или да го пресолите.
За среќа, има неколку трикови со кои можете да ја поправите работата дури и ако тоа веќе се случило.
Имаме решение за пресолено јадење, загорен бисквит (пандишпан) за торта, преварен зеленчук,…
Загорен бисквит
Главно, колачите и тортите се прават ден порано, па во случај да не ви успее бисквитот за торта, имате време да направите нов. Меѓутоа, што ако немаме време, а бисквитот ни е делумно загорен?
Најчесто се случува бисквитот да изгори на површината или од страна, па наједноставно е да го извадите што побргу од рерната, да ги исечете изгорените делови и да се однесувате како да е се во најдобар ред.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.