More

    Министерот за правда Кренар Лога информираше денеска дека Министерството за правда „неофицијално комуницирало“ со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски и побарало информација за тоа кога ќе биде неговата испорака во Македонија

    spot_img

    Министерот за правда Кренар Лога информираше денеска дека Министерството за правда „неофицијално комуницирало“ со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски и побарало информација за тоа кога ќе биде неговата испорака во Македонија.

    На новинарско прашање дали од турска страна биле посочени одредени рокови кога Палевски би бил испорачан во нашата држава, Лога одговори:

    – Неофицијално сме комуницирале и денеска од тука, баравме информација кога ќе биде испораката на Палевски. Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас – рече министерот Лога.

    Тој повтори дека при посетата на македонската делегација во Турција им било кажано дека судскиот дел кај нив е завршен и останува само административниот дел.

    – Според нивните правила мора прво таму да се потпише нивното МНР, па потоа министерот за правда и очекувам дека тоа ќе биде во брзо време, бидејќи такви беа и зборовите од мојот колега од Турција – рече министерот за правда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img