Вкупно 90 македонски државјани се пријавиле да се борат на украинската страна во Руско-украинската војна, а 30 од нив веќе се убиени, покажуваат податоците кои ги сподели руското Министерство за надворешни работи.
Министерството за одбрана на Русија објави табела со податоци за кои тврди дека го покажуваат бројот на странски платеници кои дошле да се борат за Украина од почетокот на војната.
„Од 24 февруари 2022 година, 13.387 странски платеници, кои се борат за неонацистите, пристигнаа во Украина. До денес, 5.962 од нив се елиминирани“, објави Министерството.
Според објавената табела, најмногу платеници биле од Полска (2.960), па следуваат Велика Британија, Романија, Хрватска. Убиени биле 1.497 платеници.
Руското министерство наведува дека 1.113 Американци дошле да се борат во Украина, а од нив 491 биле елиминирани. Според земјите од кои наводно пристигнале, најмногу платеници дошле од Грузија (1.042, од кои 561 се елиминирани) и од Канада (1.005, од кои 422 се елиминирани).