Фудбалерите на Бетис го освоија доцна синоќа Кралскиот куп во Шпанија совладувајќи ја Валенсија во пенали во финалето на стадионот „Ла Картуха‘. Откако натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1, а продолженијата не донесоа победник.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме, откако Бетис поведе во 11. минута, а Валенсија израмни по половина час игра.
При изведувањето пенали кај Валенсија од белата точка не беше прецизен 19 – годишниот Американец Јунус Муса во четвртата серија, додека сите играчи на Бетис биеја прецизно, а решавачкиот гол го постигна Хуан Миранда.
За Бетис ова беше петто куп финале и прв трофеј од 2005 година, додека Валенсија го одигра своето 18 финале и остана на осум освоени трофеи.