More

    Секогаш организираме демократски избори, реагираше ДУИ

    spot_img

    Хибридната војна и предизвикувањето паника кај албанскиот електорат се зголемува уште повеќе. Албанската опозиција координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица на Апасиев ги плаши Албанците, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека е подготвена да предизвика политичка криза, реагираше партијата на Али Ахмети преку соопштение.

    „Исти обвинувања и ширење дезинформации слушаме секојдневно од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините деривати. Свесни за длабокиот пораз од Демократската унија за интеграција, коалицијата ‘ДА за Европа, НЕ за Русија’ се сомнева дека коалицијата составена од деривати на ДУИ веќе го подготвила сценариото во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за да не го прифатат изборниот резултат и со тоа да предизвикаат дестабилизација и конфузија во јавноста, во служба на Русија. Во оваа насока беа и претходните изјави дека ‘опозицијата ќе ги бојкотира изборите’, за денеска да обвинуваат дека ‘ДУИ подготвува дестабилизација’. Но, и покрај напорите на опозицијата, јавноста знае дека кога ДУИ организираше избори во овие 23 години, тие беа слободни, демократски и меѓународно прифатени. Воедно, апелираме до граѓаните да не станат жртва на лажни вести и на специјалната војна која поттикнува говор на омраза, го загрозува евроинтегративниот пат на земјата, како и помага на дестабилизирачките руски политики во земјата. Република Северна Македонија има јасна иднина – а тоа е целосната интеграција во Европската Унија“, наведено е во соопштението на ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img