More

    Еве зошто Интер загуби во пенал серијата против Атлетико

    spot_img

    Актуелниот европски вицешампион Интер синоќа беше елиминиран во осминафиналето во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид, и тоа по пенал-рулетот, каде што промаши и играчот од кој најмалку се очекуваше да направи такво нешто, Лаутаро Мартинес.

    По 90 минути игра на „Метрополитано“ во Мадрид, беше 2:0 за Атлетико (Интер славеше со 1:0 во првиот меч), поради што мораа да се играат продолженија двапати по 15 минути.

    Бидејќи не беше постигнат ниту еден гол, патникот во четвртфиналето мораше да се одлучува во пенал-рулетот, во кој многу подобро се снајдоа играчите на Атлетико.

    Кај шпанскиот тим само Саул Нигез промаши, односно голманот на Интер, Јан Зомер му го одбрани ударот, додека на спротивната страна дури тројца играчи беа непрецизни. Алексис Санчес и Дејви Класен не успеаја да го совладаат Јан Облак, а во последната серија промаши најголемата ѕвезда на Интер, Лаутаро Мартинес.

    Неговиот шут потсети на тој на Серхио Рамос од минатото во пенал-рулетот против Баерн Минхен.

    Мартинес ја испрати топката на трибините, но една снимка од друг агол открива зошто топката по неговиот шут отиде во облаците. Имено, при залетот, Аргентинецот некако успеа да ја помести топката. Во последниот чекор пред ударот, јасно се гледа дека топката малку се крена кога Лаутаро стапна со левата нога, поради што не можеше да ја удри на посакуваниот начин.

    Промашувањето на Лаутаро може да го видите ТУКА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img