Големи се штетите настанати од пожарот што во неделата рано изутрина избувна во угостителски објект на приземјето на зградата на Градскиот пазар во Охрид.
Во пожарот не само што целосно изгоре дуќанот во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи, туку пламенот се прошири на врз неколку од апартманите сместени во горниот дел на објектот.
Веднаш откако пожарот беше изгаснат, почна расчистувањето на опожарените остатоци.
Поради несоодветни услови, пазарџиите и дел од тезгите од затворениот дел на објектот се преместени во пасажот, каде ќе останат додека се нормализира ситуацијата и повторно објектот стане функционален.
Според сегашната ситуација, ќе бидат потребни најмалку еден месец за да се врати функционирањето на пазарот во некаква нормала.
Пожарот избувна на 10 март, некаде по 3 часот по полноќ. Пламенот е локализиран по интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, а причините за пожарот ќе ги утврди истрагата и извршениот увид на