Свинската маст незаслужено влезе на листата на лоша и нездрава храна. Светски познатата нутриционистка Моника Рејнагел, која често пишува за здрава исхрана, ја става свинската маст веднаш зад маслиновото масло. Поздрава е, тврди таа, од путерот, бидејќи има повеќе добри, а помалку лоши масти, а одличен извор е и на омега 3 масни киселини.
Покрај свинската маст, таа ги отфрла и митовите за компирот, црвеното месо и црното кафе.
Лебот и маста биле омилена ужинка на претходните генерации што само малкумина ја практикуваат денес. Свинската маст беше заменета со путер, маслиново масло, па дури и со авокадо и други „поздрави“ извори на маснотии.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.
Фото: Јутјуб