Нападнат близок соработник на Навални

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со чекан по глава бил нападнат блискиот соработник на Навални и член на руската опозиција Леонид Волков, во близина на неговиот дом во литванската престолнина Вилнус, изјави поранешната портпаролка на Навални Кира Јармус.

„Леонид Волков штотуку бил нападнат пред неговата куќа. Некој го скршил прозорецот од неговиот автомобил, па му испрскал солзавец во очите, а потоа напаѓачот почнал да го удира со чекан“, објави Јармус на социјалните мрежи.

Таа додаде дека „Леонид сега е дома и дека полицијата и брзата помош се на пат кон него“.

Министерот за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис изјави дека веста за нападот врз Леонид Волков е шокантна и дека сторителите ќе треба да одговараат за злосторството.

Алексеј Навални (47) почина на 16 февруари во казнена колонија северно од Арктичкиот круг. Според властите, најголемиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин се онесвестил за време на обиколката на затворскиот двор, а обидите за реанимација биле неуспешни.

Неговата сопруга и поддржувачите на опозицискиот политичар ги обвинуваат руските власти за убиство.

Share This Article