Руски доброволци кои се борат за Украина денеска изјавија дека нападнале руско село во близина на украинската граница, во копнена операција што следеше по нападите со беспилотни летала врз неколку региони на Русија.
„Ја минавме границата“, објави на Telegram единицата наречена Легија на слободата на Русија.
Според извештаите, припадниците на таа единица уништиле оклопно возило во село во областа Курск.
Гувернерот на тој руски регион потврди дека нападот бил во тек.
Тој рече дека едно лице е полесно повредено, но негираше дека имало „пробивање“ на напаѓачите.