More

    Брзата помош едвај го спасила Бојан Томовиќ

    spot_img

    Бојан Томовиќ итно е хоспитализиран откако во исто време консумирал алкохол и лекови.

    Српскиот пејач Бојан Томовиќ пред неколку дена се отрул со лекови за биполарно нарушување, со кое се бори со години, а со тоа консумирал и алкохол и таблети против болки, по што итно реагирала брзата помош, пишува српски „Информер“.

    Пејачот го вратиле во живот лекарите од итната помош со адреналински инјекции, а со оглед на тоа дека има биполарно нарушување, постои сомневање дека на овој начин сакал да си го одземе животот, иако тој тврди дека тоа не му била намерата:

    – На 8 март пеев во ресторан во Сомбор и толку се опијанив и покрај блокаторот што го имам против алкохолизам, што итната помош едвај ме поврати. Буквално се отрув со ракија и лекови за „биполарно“ и за болки, така што со адреналин ме враќаа во живот. Сега морам повторно да одам на психијатрија, бидејќи поради мојата примарна дијагноза, биполарно нарушување, ова се води како обид за самоубиство, иако навистина не го сакав тоа. Ме понесе атмосферата, испив малку повеќе и за малку ќе кажев „чао“ – изјавил пејачот и додал дека ваквиот развој на ситуацијата не го зачудил:

    – Па што ќе правам, јас не работам во аптека туку во кафеана, а со месеци не пиев и како што им се вратив на свирките, така му се вратив и на алкохолот, иако за нас биполарните е утврдено дека најмногу сме склони кон злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанции! – рекол Бојан за српска „Република“.

    ФОТО: Фејсбук

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img