Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Како што најавуваат од УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.
Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, во вечерните и ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд (над 20 l/m2) и грмежи, локално во форма на невреме со засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.
Времето во Скопје, променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 17-тиот степен.