More

    Заштитете ги податоците, особено зашто доаѓаат избори, предупредуваат инженерите

    spot_img

    Дали се преземени сите мерки за информатичка безбедност со кои би се заштитиле државните институции од евентуални нови напади, особено со создавање на резервни копии на податоците и нивно чување на повеќе различни локации и со редовна надградба и одржување на софтверските решенија на информатичките системи – прашува јавно Здружението на инженери на Македонија, по неодамнешниот сајбер напад врз дигиталните податоци на МЕПСО.

    Врз основа на Законот за достап до информации Здруѓението официјално доставило барање за одговори до Министерството за информатичко општество и администрација, до Државната изборна комисија, а информирани се и претседателот на државата и јавното обвинителство.

    Инженерите потсетуваат дека помеѓу 2021 и 2022 година со сајбер-напади беа таргетирани седум јавни институции, особено веб-страниците со официјален владин домен (gov.mk);

    На 15 јули 2020 година за време на предвремените парламентарни избори со дистрибуирано одбивање на услуга (DDoS), беше нападната официјалната веб-страница на Државната изборна комисија. На 8 февруари 2023 година информатичкиот систем на Фондот за здравствено осигурување беше хакиран со ransomware вирус.

    Со оглед на тоа што ни престојат претседателски и парламентарни изборни процеси, Здружението на инженери прашува дали се преземени сите мерки за информатичка безбедност за да се обезбеди непречен изборен процес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img