Руските власти денеска соопштија дека во текот на претходната ноќ уништиле 47 украински беспилотни летала, најмногу во Ростовската област, која граничи со Украина.
Системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле едно беспилотно летало на територијата на регионот Белгород, два во Курската област, три во Волгоградската област и 41 во Ростовската област, објави руската армија на социјалните мрежи.
Руската погранична област често е цел на напади со беспилотни летала, од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари 2022 година.