More

    Во Франција започнува европската кампања на владејачката коалиција

    spot_img

    Владејачката коалиција во Франција денеска ќе ја започне кампањата во Лил, на северот на земјата, пред изборите за Европскиот парламент закажани за јуни.

    Членови на Владата денеска ќе бидат во Лил за поддршка на нивниот кандидат Валери Ајер, а на собирот ќе се разговара за екстремната десница, која според предизборните анкети води, како и за ситуацијата во Украина.

    Предизвикот ќе биде голем за листата на центристичкиот табор на претседателот Емануел Макрон, кој, според анкетите, заостанува десет отсто од листата на екстремно десничарската партија Национален собир на чело со Жордан Бардела.

    Ајер, која во последен момент беше назначена да ја предводи листата на владејачката коалиција, на јавноста во Франција и е малку позната, на таа средба ќе ја истакне важноста на „потребата на Европа“ по „санитарната“ криза и војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img