Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 31-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 31-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 13.03.2024 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општинa Дебрца:
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 30-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Дебрца во 2024 година
- Предлог – Одлука за субвенционирање на ЈПКД „Дебрца“ – Белчишта
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски