More

    Руски проектил експлодира на 200 метри од грчката делегација

    spot_img

    Посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Украина во средата се претвори во холивудски трилер, откако руски проектил експлодира на помалку од 200 метри од присатаништето во Одеса каде што во тој момент стоеја Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува грчки „Катимерини“.

    Според проценките, нападот бил насочен кон Зеленски, но Москва веројатно била свесна и за присуството на грчкиот премиер таму. Москва го потврди нападот, но тврди дека цел бил магацин во кој се произведуваат поморски дронови за украинските вооружени сили.

    Нападот се случил во 11.45 часот кога грчката делегација, предводена од Мицотакис, и украинските домаќини биле на обиколка на историското пристаниште Одеса.

    – Одеднаш се слушна продорна сирена, силен звук, а потоа чад – изјави член на грчката делегација за „Катимерини“.

    Според ионформации до кои дошол весникот, рутата на движење на грчката делегација била изменета непосредно пред тргнувањето од безбедносни причини.

    Истиот извор рекол дека турнејата завршувала кога се случил нападот, при што Украинците и Грците се упатиле кон своите автомобили за да одат на местото на заедничката прес-конференција. Грчката делегација наводно влегла во автомобилот, движејќи се со огромна брзина низ улиците на Одеса.

    По заедничките изјави на Мицотакис и Зеленски, грчката делегација ја напуштила украинската територија и се упатила на тричасовно патување кон Кишињев, аеродромот во Молдавија, од каде пристигнала во Букурешт во средата доцна попладне.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет Шарл Мишел го осудија нападот во пораки. Во меѓувреме, Мицотакис рече дека Грција ќе продолжи да ја поддржува Украина додека се бори за нејзината слобода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img