Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“.
Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД.
Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година и од САД продолжува да биде жесток критичар на Путин и на руската агресија врз Украина.
Каспаров во 2022 година веќе беше прогласен за „странски агент“, термин кој руските власти го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.