More

    Поранешната стриптизерка, 52-годишната Кери Ројал се заканува дека ќе објави фотографии од нејзиниот бакнеж со принцот Хари, направени во Лас Вегас на една од неговите луди забави

    spot_img

    Поранешната стриптизерка, 52-годишната Кери Ројал се заканува дека ќе објави фотографии од нејзиниот бакнеж со принцот Хари, направени во Лас Вегас на една од неговите луди забави.

    Кери, како што пренесува „Daily Mail“, сака да му се одмазди на принцот Хари кој ја бакнал. Тој организирал забава со стриптизерки во 2012 година во хотелот „Wynn“. Голите фотографии од тогаш 27-годишниот принц и девојката која го прегнува ги објави „The Sun“ пред 12 години.

    Поранешната стриптизерка им кажала на новинарите дека има уште „материјал“ кој треба да ја види светлината на денот и се заканила дека ќе објави сè на својата страница на „OnlyFans“.

    – Имам уште негови многу проблематични фотографии кои јавноста никогаш не ги видела. Луѓето ќе бидат шокирани од она што ќе го видат. Зошто го правам ова? Затоа што сум бесна на начинот на кој бев претставена во неговата книга, поточно навредена на најлош можен начин. Всушност, изненадена сум што воопшто се сеќава на мене затоа што беше многу пијан. Но, кога веќе ме стави во таа приказна, зошто не се сети и на некои други работи во книгата – рекла Кери.

    Поранешната стриптизерка во 2022 година продаде пар црна долна облека на аукција која наводно му припаѓала на Хари. Наводно, тој бил гол, свирел гитара пред неа покрај базенот во Лас Вегас, пред да ѝ подари црна долна облека.

    – Кога се забавуваше во Вегас, сите го сакаа, особено неговата смисла за хумор. Барем оваа долна облека е потсетник на тоа каков беше… кога Хари беше забавен принц. Штета што тој е сериозен овие денови. Дури и како оженет татко на две деца, тој треба да се опушти одвреме-навреме и да ја „пушти косата“, она што останало од неа… – заклучува Кери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img