Во посета на Општина Охрид, денес, беше Евроамбасадорот Дејвид Гир. Во рамки на посетата, Амбасадорот оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков.
На средбата беше разговарано за напредокот на општината, како и за финансиските раздолжувања на Локалната самоуправа и јавните претпријатија. Амбасадорот ги поздрави заложбите и успешното менаџирање на Општината.
Соговорниците разговараа и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО како и за соработката со владините институции.
Амбасадорот ја поздрави и реализацијата на проектите кои што се финансирани од Европската унија, особено оние кои се однесуваат за поранешниот простор од Касарната. Дополнително разговараа и за понатамошниот развој на оваа локација. Градоначалникот го запозна Амбасадрот со идните проекти кои ќе се реализриаат таму, а тоа е префрлањето на ОУ „Кочо Рацин“, изградбата на адреналински парк како и дополнување на пам уп траката за што Амбасадорот изрази силна поддршка за нивна реализација.