Гарманката Мариане Бахмајер во 1981 година во германскиот окружен суд во Либек го застрела човекот кој ја силувал и уби нејзината 7-годишна ќерка Ана. Клаус Грабовски (35) е убиен на лице место откако Мариане во него испукала 7 куршуми.
„Ми ја уби ќерката. Сакав да се убијам“ – изјавила тогаш Мариане Бахмајер, која подоцна ја нарекле „мајка одмаздничка“.
„Ана, го направив тоа за тебе“ – ова е реченицата што Мариане ја испишала при вештачењето по ракопис.
Клаус Грабовски, 35-годишен месар, ја киднапирал 7-годишната Ана на 5 мај 1980 година. Ја држел неколку часа во својот дом, сексуално ја нападнал и на крајот ја задавил со хулахопки. Според обвинителот, тој го врзал девојчето и го спакувал во кутија која ја оставил на брегот на каналот. Неговата вереница го пријавила во полиција.
Грабовски и претходно бил осуден за сексуално злоставување на две девојчиња. Во 1976 година, тој доброволно бил подложен на хемиска кастрација, а подоцна било откриено дека последователно бил подложен на хормонски третман за да се обиде да ја промени кастрацијата.
Откако бил уапсен Грабовски изјавил дека девојчето сакало да и каже на мајка ѝ дека ја малтретирал. Тој рекол дека стравот од враќање во затвор го натерал да ја убие.
Пред 43 години, на денешен ден, на третиот ден од судењето, Мариане Бахмајер незаконски го внела во судницата пиштолот „Берета М1934“ и го застрелала Грабовски.
Таа пукала 7 пати, а 35-годишниот обвинет бил убиен на лице место. Бахмајер потоа го спуштила пиштолот и се предала. Била уапсена без да пружи отпор.
Мариане Бахмајер првично била обвинета за убиство, а подоцна обвинителството го преиначило обвинението во убиство од небрежност и недозволено поседување огнено оружје.
Во 1983 година, судот ја осудил Мариане Бахмајер на 6 години затвор. Таа е ослободена во 1985 година, откако отслужила 3 години од нејзината казна.
„Мајката одмаздничка“ починала млада, на 17 септември 1996 година, на 46-годишна возраст и погребана е до нејзината ќерка Ана.