More

    Заигра на телефонска мелодија на сред прес-конференција

    spot_img

    Никола Јокиќ промаши шут за победа на Денвер во дуелот против Феникс, а после тоа направи шоу на прес-конференцијата. Во еден момент кога во салата заѕвони нечиј телефон, српскиот кошаркар заигра пред медиумите следејќи ги звуците на мелодијата што доаѓаше од салата и направи мала пауза пред да го продолжи разговорот.

    Јокиќ беше прашан за двајца млади играчи, Пејтон Вотсон и Кристијан Браун кога се случи неочекуваниот прекин.

    – Одлични се во одбрана, Пејтон е… – Јокиќ почна да одговара на едно прашање кога заѕвони нечиј телефон. Застана, почна да игра и да се смее, а потоа покажа со прстот кон таа личност за да потврди дека му се допаѓа мелодијата.

    Потоа, Србинот имаше интересен одговор на прашањето за пофалбите од НБА ѕвездите Леброн Џејмс и Кевин Дурент.

    – Секако дека таквите работи значат нешто. Мора да кажат нешто убаво, нема да зборуваат срања за мене. Се шегувам, секако дека ми значи, тие сè уште се лицето на НБА, тие имаат одлични бројки, прават разлика во игрите, победуваат, имаат големо влијание, секако тоа значи – рече Јокиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img