More

    Џафери објасни зошто пет државни универзитети немаат колективни договори, а УКИМ има

    spot_img

    Протестите и штрајковите најавени од останатите државни универзитетот во земјава немаат никаква основа и може да бидат само во служба на дневнополитички потреби и тоа во време на избори – изјави премиерот Талат Џафери.

    Петте државни универзитети најавија протести откако неодамна стапи во сила Колективниот договор за Универзитетот Кирил и Методиј, со кој, меѓудругото платите на околу 3.000 вработени во овој универзитет ќе пораснат за 20 отсто. Сега овие универзитети бараат и тие да потпишат колективни договори, а во спротивно ќе организираат протести и штрајкови.

    Талат Џафери објасни дека самиот тој како претседател на Собранието, кое пак е законски основач на Универзитетот Кирил и Методиј, склучил колективен договор со Синдикатот, кој исто така во негов мандат бил регистриран и основан на УКИМ.

    Колективноиот договор беше склучен на 29 декември 2022 година, а стапи во сила за осум дена, но се применува од 1 јануари 2024 година, затоа што во претходниот буџет веќе било предоцна да бидат предвидени пари за таа намена, односно за покачување на платите на вработените.

    Џафери рече дека самиот тој во март 2023 година организирал средба со сите пет државни универзитети, на која присуствувале ректорите на Државниот универзитет во Тетово, универзитетот „Мајка Тереза“, на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, на Битолскиот универзитет „Климент Охридски“, а на средбата не дошол претставник на Универзитетот во Охрид. Тој ги упатил според примерот на УКИМ како да подготват колективен договор, што тие го сториле и ги доставиле документите до Собранието во текот на 2023 година, во октомври, ноември и декември.

    Во меѓувреме, рече Џафери, веќе беше определен датум за изборите, а според договорот од Пржино и роковите за техничка влада, партиские органи решија тој Талат Џафери да биде новиот технички премиер. Затоа во тој период не можел да ги заврши правните работи за усвојување и потпишување на колективните договори со универзитетите, рече Џафери, додавајќи дека за две недели веќе ја презел функцијата премиер.

    – Со закон за работни односи е предвидена соодветна процедура за евалуација на пристигнатите нацрт колективни договори, а јас имав само 14 дена на функцијата претседател на собранието, по што ја презедов функцијата премиер. Значи, Марсовец да беше не можеше да ги спроведе сите неопходни правни процедури во тој период. Овен ота, со распишувањето на изборите, според Изборниот законик, не е дозволено потпишување никакви колективни договори во предизборен период – рече Џафери.

    Затоа, рече премиерот, некоректно се направила фама од барањето за потишување колективни догоовир за петте државни универзитети и се најавуваат протести.

    – Правото на протест, правото на штрајк е неприкосновено право на секој граѓанин на оваа држава, коешто до крај го почитувам и го прифаќам, но моментумот на барање за реализација на таквото право е несоодветен, особено знаејќи дека има законски пречки, поготово од носителите на протестот. Првите луѓе на синдикатите на државните универзитети, кои по правило се од правната фела, прават дејствија кои никако поинаку не можам да ги сфатам освен како предизборна кампања, којашто оди во прилог на кампањата во дневната политика повеќе отколку што оди во прилог на самите вработени кои треба да имаат придобивка од овие колективни договори – рече Џафери.

    Тој рече дека добил ултиматум за три дена (до 28) да ги прими претставниците на синдикатите, што не е можно бидеќи агендата на премиерот се подготвува повеќе дена однапред, а тој лично претходно ги посетил универзитетите во Тетово, во Скопје и во Битола, и им укажал дека во овој период не може да има потпишување на колективни договори од претходно наведените причини.

    – Тие се свесни дека правно е вака, но од дневнополитички причини тоа секој може да го користи, јас во тоа не навлегувам, но фактографијата е оваа – рече Џафери.

    Решението, според Џафери, е да се чека да се завршат изборите, зашто нивни основач е Собранието и треба да се сочека да продолжи процедурата со идниот состав на Собранието и со идниот претседател на Собранието.

    На прашање дали другите универзитети се дискриминирани, Џафери рече дека не се дискриминарини, туку не си ги формирале синдикатите и не ги подготвиле колективните договори на време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img