Британската влада ќе им даде 100.000 фунти на истражителите за да ја продолжат истрагата за Медлин Мекен, која исчезна во 2007 година, јавува Дејли мејл.
Од 2011 година досега, полицијата добила 13 милиони фунти од британската влада за истрагата за Медлин која имаше само 3 години кога исчезна во мај 2007 година. Медлин тогаш била на одмор во португалското летувалиште „Праја да луз“ со нејзиното семејство. Оттогаш не се знае ништо.
Германската полиција во јуни 2020 година објави дека осудениот силувач и педофил Кристијан Брикнер е главен осомничен за нејзиното киднапирање и убиство, а моментално му се суди за 3 силувања и за 2 непристојни напада. Германецот негираше дека е вмешан во случајот.
Почетниот тим од 40 полицајци кои беа вклучени во истрагата сега е намален на само четворица полицајци.