More

    Министерот за земјоделство Љупчо Николовски доделувал државни пасишта на користење спротивно на законот, без јавен оглас

    spot_img

    Министерот за земјоделство Љупчо Николовски доделувал државни пасишта на користење спротивно на законот, без јавен оглас, тврдат за Република.мк сточари и пчелари.

    Тие реагираат дека во период од 2016 до денес, откако на власт се СДСМ и ДУИ нема објавено ниту еден јавен оглас за доделување на пасиштата, но затоа се дозволува масовно склучување на договори со непосредна спогодба.

    – Цели осум години државните пасишта се даваат се доделуваат на користење на симпатизери и членови на владеачката коалиција, спротивно на законот без јавен оглас. Никој досега не покренал ништо против тоа, иако сите знаат. Еве го повикуваме Јавното Обвинителство по допрен глас и постоење на јавен интерес, поради основано сомнение да го истражи случајов и да превземе мерки согласно закон – велат соговорниците на Република.

    Според нив, Николовски имал обврска да врши должен надзор над работата на ЈП за пасишта дали постапува согласно одредбите од законот. Не е јасно зошто тој дозволил масовно, без јавен оглас, да се склучуваат стотици договори за користење пасишта за пасење на ситен и крупен добиток, но и да се склучуваат договори за пасишта за паша на пчелни семејства, исто така со непосредна спогодба со поставување на времени објекти, по принципот прв дојден прв услужен само врз основа на писмено барање поднесено до подружниците на ЈП за пасишта за договори, кои биле истечени во 2022 година и кои истекувале во 2023 година, со продолжување на една година, односно и за оние сточари/ пчелари кои воопшто немале договор за користење со ЈП за пасишта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img