More

    ВМРО-ДПМНЕ МУ ГИ ВАДИ СТАРИТЕ ГРЕВОВИ НА ПЕНДАРОВСКИ

    spot_img

    „Нема правда, нема мир“ на претседателот Стево Пендаровски беше манипулација и ниту правда, ниту мир имаше 5 години, истакна Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Лефков понуди видео-запис во кој се прикажани изјави од Пендаровски.

    Од партиската говорница Лефков порача дека Пендаровски дошол на власт на бранот „Нема правда, нема мир”, го промовираше СЈО како институција која ќе ја донесе правдата и излажал.

    – Откако излажа сè што можеше да се излаже, на крај Стево Пендаровски си го покажа вистинското лице, а тоа е дека „Нема правда, нема мир” беше манипулација, за да дојде СДСМ на власт, а СЈО алатка за прогон. Да го погледнеме видеото како Пендаровски ја лажеше јавноста – рече Лефков и додаде:

    – На крај Пендаровски не само што призна дека сè што ветувал било лага, туку и ги потпиша измените во Кривичниот законик за застарување на голем број кривични дела, аболирајќи луѓе од власта, но и сите оние кои сега додека е СДСМ на власт испумпаа милиони. Пендаровски ја урниса правдата и кумува на криминалот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img