Турската национална разузнавачка служба (МИТ) и Одделот за антитероризам во Истанбул привеле 7 осомничени за давање информации на израелската разузнавачка служба Мосад

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турската национална разузнавачка служба (МИТ) и Одделот за антитероризам во Истанбул привеле 7 осомничени за давање информации на израелската разузнавачка служба Мосад, јавуваат турските медиуми.

Меѓу приведените е и приватниот истражител и поранешен државен службеник Хамза Турхан Ајберк кој учествувал во утрински ТВ емисии, според извори од турските безбедносни сили.

Мосад воспоставил контакт со Ајберк преку агент со кодно име „Викторија“.

Според турските разузнавачки служби, поранешниот службеник бил платен со криптовалути во замена за информации. За да собере информации, вклучително и за активностите на поединци и на компании од Блискиот Исток во Турција, тој формирал група во која имало владини претставници.

Ајберк бил обучен во Белград во 2019 година и израелските разузнавачи најпрвин му довериле едноставни задачи, велат изворите.

Share This Article