More

    Сите гледале во Иванка Трамп на венчавката на синот на најбогатиот Индиец

    spot_img

    Иванка Трамп на Инстаграм покажа фотографии и видеа од предсвадбената прослава на Анант Амбани и Радика Мерчант. Таа отпатува во Индија во друштво на сопругот Џаред Кушнер и нивната ќерка.

    „На Анант и Радика им посакувам бескрајна среќа и љубов додека заедно се впуштаат во оваа прекрасна авантура“, порача Иванка на Инстаграм и ги покажа фустаните што ги носеше на прославата.

    Иванка во нив изгледала како русокоса „индиска“ божица. Ќерката на Доналд Трамп носела раскошни тоалети и накит.

     

    На прославата пееше Ријана, за чиј настап наводно платиле шест милиони евра. Тогаш на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, се појавија бројни реакции, а многумина напишаа дека пејачката делува многу незаинтересирано. Заедно со музичката суперѕвездата, на прославата настапи и американскиот магионичар Дејвид Блејн, а во храмскиот комплекс беа одржани традиционални церемонии.

     

    Иако предсвадбената прослава сега трае веќе три дена, официјалната венчавка ќе се одржи дури во јули. Информациите за венчавката се уште не се познати.

    За потсетување, Анант Амбани (28) е син на Мукеш Амбани, шеф на индискиот конгломерат Reliance и најбогат човек во Индија, со нето богатство според „Форбс“ од 114 милијарди долари.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img