Олимписката златна медалистка Алина Кабаева, за која се зборува дека е љубовница на Путин со која тој има и деца, деновиве се појави на тренингот за јуниорска ритмичка гимнастика во московската ВТБ Арена во пресрет на хуманитарниот фестивал Алина, пишува „Јутарњи лист“.
Нјзиниот изглед ги поттикна медиумите да шпекулираат дека поранешната гимнастичарка користела ист естетски хирург како Путин, за кој претходно се пишуваше дека се подложил на естетски корекции на лицето.
„Легендарната спортистка беше забележливо поубава. Кабаева е една од најмистериозните жени во нашата земја. Гимнастичарката речиси никогаш не се појавува во јавноста, ја нема на социјалните мрежи, а е невоможно случајно да ја сретнете на улица или во трговски центри“, пишува руски „Космополитен“.