Компанијата на Илон Маск „Неуралинк“ е под истрага на Американската агенција за храна и лекови (ФДА).
ФДА води истрага за „Неуралинк“ поради проблеми со водење евиденција за калибрација на некои лабораториски инструменти, а некои инструменти немаат сертификати за квалитет. И контролата на квалитетот на експериментите со животни е проблематична.
Според инспекторите, има пропусти во контролата во просториите на компанијата во Калифорнија. Слична истрага беше спроведена и во Тексас каде што немаше никакви проблеми.
Компанијата пред 1 месец беше подготвена да ги тестира првите импланти на човечки мозоци.
ФДА изјави дека „Неуралинк“ поднесе доволно докази за да биде одобрено тестирањето на чиповите врз луѓе, но дека тие ќе продолжат да ја следат безбедноста на оние кои се вклучени во истражувањата.