Шпанското дерби и спектаклот во Лас Вегас на егзибицискиот турнир „Нетфликс слем“ му припадна на Карлос Алкараз, кој по супер тај-брејк го совлада својот 37-годишен сонародник Рафаел Надал со 6-3, 4-6, 7-6.
Надал е во процес на опоравување од повреда и влегува во форма за сезоната на земјена подлога, а бидејќи овој турнир беше од егзибициски карактер, Надал дојде со семејството, сопругата и синот.
Секако, коментарот беше дека момчето му го украде шоуто на познатиот татко, но и на Алкараз. Еве како Рафал јуниор се справува со рекетот на трибините во Лас Вегас: