Неприфатливо е повикување на бојкот, укажува АВМУ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува крајно вулгарниот и недоличен говор во објавата на претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук, кој се однесува на телевизија Канал 5.

Покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања.

Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред се во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници“ – се вели во соопштението на АВМУ.

Апасиев претходно на Фејсбук објави статус полн со навреди на сметка на директорот на Канал 5 Иван Мирчевски, заканувајќи се со организирана и систематска кампања на бојкотирање на сите производи и фирми што се рекламираат на таа телевизија, „со слики, со имиња, со пречкртани брендови, со све…“

Share This Article