Бранот на насилство што следеше по нападот на вооружени банди врз затвор во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, ја поттикна тамошната влада да прогласи вонредна состојба и да воведе полициски час. Во нападот на затворот загинаа најмалку 12 лица, а околу 4.000 затвореници избегаа.
Вооружени банди во неделата нападнаа затвор во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, а во земјата владееше хаос. Владата се обидува да го запре бранот насилство, па затоа воведе полициски час и прогласи вонредна состојба.
Во нападот на затворот во неделата загинаа најмалку 12 лица, а од затворот избегаа околу 4.000 затвореници, јавува британски Би-Би-Си.
Вонредната состојба и забраната за движење на отворено меѓу 18 и 5 часот ќе стапат во сила до среда во регионот Оест, кој го опфаќа главниот град Порт-о-Пренс, објави француската новинска агенција АФП. Според владата, мерките се насочени кон воспоставување ред откако вооружените групи изминатиот викенд нападнаа два затвора, едниот во главниот град, а другиот во блискиот град Кроа де Букет.
Вооружени банди, кои инаку контролираат околу 80 отсто од главниот град, со вакви напади се обидуваат да го принудат премиерот Ариел Хенри да поднесе оставка.
Насилството на Хаити ескалира од четвртокот, откако премиерот на Бахамите Филип Дејвис изјави дека Хенри е посветен на одржување избори пред 31 август 2025 година. која беше одобрена од Обединетите нации во октомври.
За да се овозможи распоредување на контингент од 1.000 полицајци на Хаити, Кенија и Хаити во петокот потпишаа билатерален договор.